Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Официјално: Жоао Феликс е нов играч на Челзи, со позајмица до крај на сезоната
    Фудбал

    Официјално: Жоао Феликс е нов играч на Челзи, со позајмица до крај на сезоната

    risteBy riste11/01/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Челзи и официјално го претстави своето најголемо зимско засилување. Жоао Феликс денеска позираше со дресот на Челзи, кого ќе го носи до крајот на сезоната.

    „Челзи е еден од најголемите клубови во светот и се надевам дека ќе му помогнам на тимот да ги постигне своите цели. Затоа сум многу среќен што сум тука и многу возбуден што ќе играм на „Стемфорд Бриџ“, рече 24-годишниот напаѓач.

    Изминатиот период се пишуваше дека португалскиот фудбалер не е среќен во Атлетико Мадрид и побара заминување, а по неколку неделните преговори со повеќе европски гиганти на крај се реши да замине на шестмесечна позајмица во Челзи од Лондон. Челзи за позајмицата на Феликс ќе плати 11 милиони евра, но наводно нема да добие опција за откуп во летниот трансфер период.

    Сепак, одредени медиуми шпекулираат дека од Атлетико Мадрид се спремни за таков потег, но доколку се реализира размена со Лукаку, кој моментално е на позајмица во Интер. Феликс во тековната сезона постигна пет гола во сите натпреварувања, а имаше и три асистенции.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус

    29/01/2023

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    • Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.