Во пресрет на настапите на македонските сениорски одбојкарски репрезентации во ЦЕВ Европската лига, Одбојкарската федерација на Македонија денеска најави прес-конференција на којашто ќе се разговара за амбициите и за плановите во претстојниот период, а ќе биде претставен и новиот стручен штаб на машкиот национален состав.
Според потврдата на федерацијата, Македонија ова лето на Европската златна лига и Европското првенство ќе биде предводена од повратникот на кормилото, нашиот стручњак Јошко Миленкоски.