Одбојкарската федерација на Македонија го прекина првенството за натпреварувачката сезона 2019/2020 година, во сите категории (мажи и жени), без прогласување на победници. Одлуката е донесена од страна на Извршниот одбор на ОФМ и Комесарот за натпреварување на ОФМ на електронска седница одржана во текот на вчерашниот ден.
Клубовите кои имаат намера да се натпреваруваат во европските купови за натпреварувачката сезона 2020/2021 година, ќе можат да го направат тоа според пласманот на табелата на денот на прекинување на првенствата.
Сите одлуки на ОФМ се донесени по последните препораки од страна на Министерството за здравство за превенција од корона-вирусот како и по препораките на Светската здравствена организација.