Домот на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Каземиро, бил ограбен од непознати лица додека фудбалерот го играше натпреварот во шпанското 7-то коло со Атлетико (0-0), пренесуваат медиумите во Мадрид.
За време на грабежот, сопругата и ќерката на Каземиро биле во куќата, но разбојниците не ги повредиле. Ова не е прв грабеж на куќите на познати фудбалери во Ла Моралеј, едно од елитните области на Мадрид.
Реал Мадрид долго време бара од играчите да не поставуваат видеа и фотографии од своите домови на социјалните мрежи. И покрај сите мерки на претпазливост, грабежите продолжуваат.
Каземиро игра за Реал Мадрид од 2013 година. Оваа сезона, 27-годишниот Бразилец постигна 1 гол и 1 асистенција на 7 натпревари од шампионатот на Шпанија.