Неколку часа пред „Ел Класико“ дојде информацијата дека бил ограбен играчот на Барселона, Нелсон Семедо, јавија медиумите во Барселона.
Сè уште не е јасно која е вредноста на грабежот. Информациите исто така не објаснуваат дали имало некој во домот на португалскиот дефанзивец.
Нелсон Семедо неодамна се опорави од повреда и може да биде во почетниот состав на Ернесто Валверде за вечерашниот натпревар против Реал Мадрид.