Една банда напаѓачи изврши грабеж во домовите на тренерот на Челзи, Франк Лампард и починатиот сопственик на Лестер Сити, Вишаи Шриваданапрабха, пренесува весникот „The Sun“.
Според изворот, грабежот на куќата на поранешниот тајландски милијардер, кој загина трагично во хеликоптерска несреќа во октомври 2018 година, се случи 10 дена откако влегле во куќата на Лампард. Полицијата објави дека се сомнева дека во двата случаи работела истата банда.
Вредности кои биле украдени од домот на починатиот сопственик на Лестер, кој се наоѓа во Најтсбриџ, се во вредност од над 1 милион фунти (приближно 1,1 милиони евра). Од куќата на Лампард, која се наоѓа во соседниот Челзи , исчезнал накит и часовниците во вредност од 60 илјади фунти (околу 68 илјади евра).

