Напаѓачот на Милан, Ноа Окафор, го напушти кампот на швајцарската репрезентација откако се здоби со полесна исекотина во сообраќајна несреќа во Италија.
Инцидентот се случил по победата на Милан од 1-0 на гости кај Џенова. Фудбалерот по собраќајката добил неколку конци над окото.
Според најавите, Окафор ќе може да се врати во дресот на Милан по паузата за репрезентативни активности.

