Околу 500 навивачи на германската репрезентација ќе има денеска на Националната арена во Скопје. Германците претходно најавија дека и 2000 навивачи треба да допатуваат во нашата земја, но поради Ковид Ситуацијата бојката е сведена на околу 500 гости кои ќе бидат сместени на Источната трибина.
Комплетниот капацитет на Арената кој за овој меч според протоколите е 50% од местата на трибините е распродаден. Не очекува добар меч и жестоко навивање.