Играчот на Ливерпул Алекс Окслејд-Чембрлен ќе биде надвор од игра најмалку уште шест месеци, откако претрпе операција на коленото.
Англискиот репрезентативец се повреди за време на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите против Рома (5:2), а по прегледот на скенер стана јасно дека лигаментите на десното колено на играчот се оштетени и тој ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната, како и претстојното СП во Русија.
Тогаш од клубот не посочија поконкретен рок за санирање на повредата на Окслејд-Чемберлен, но денесмедиумите во Ливерпул објавија непријатна вест за навивачите дека поранешниот фудбалер на Арсенал нема да игра пред месец ноември. Оваа вест значи дека во текот на летото, Јирген Клоп сигурно ќе треба уште повеќе да го засили тимот во средниот ред, каде опциите на Германецот се ограничени.
Во тимот треба да пристигне Наби Кеита од Лајпциг, но тука е очекуваното заминување на Емре Чан и долгиот период за враќање на Чембрлен што значат дека Клоп ќе треба да бара уште играчи во средниот ред.