Раководството на Манчестер Јунајтед ги направи првите чекори за реконструкција на „Олд Трафорд“ се со цел за зголемување на капацитетот. ѓ
Сопствениците на 20-кратниот шампион на Англија ја ангажираа архитектонската фирма „Populous“ и консултантската фирма „Legends International“ кои работеа заедно на дизајнирање на новиот стадион на Тотенхем кој беше отворен во 2019 година. Моменталниот капацитет на „Олд Трафорд“ е 74.000 гледачи.
-Веднаш започнуваме со работа на развивање опции за Олд Трафорд и истражување на нивната изводливост со цел значително да го подобриме местото на навивачите“- се вели во официјалното соопштение на „црвените ѓаволи“.