Грчкиот тим Олимпијакос на официјалната веб-страница го објави потпишувањето на договор со поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Марсело.
„Легенда! Бразилската суперѕвезда Марсело е во Олимпијакос. Клубот и официјално го потврдува ангажирањето на најдобриот бразилски лев бек Марсело, кој ќе го носи црвено-белиот дрес“, стои во објавата на прес-службата на клубот од Пиреја.
Да напоменеме дека Олимпијакос не го откри главниот детал – рокот на договорот со Марсело. Според одредени информации соработката би требало да биде до крајот на сезоната 2022/2023.
34-годишниот Бразилец Марсело повеќе од 15 години играше за Реал Мадрид. За тоа време, тој учествуваше на 544 натпревари, на кои постигна 37 гола и даде 103 асистенции. Бразилскиот дефанзивец со Реал Мадрид освои 25 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите.