Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Олимпијакос и Фиорентина во битка за трофејот во Конференциската лига на УЕФА
    Фудбал

    Олимпијакос и Фиорентина во битка за трофејот во Конференциската лига на УЕФА

    risteBy riste29/05/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Конференциската лига на УЕФА вечерва ќе го добие новиот освојувач на трофејот по одигрувањето на финалниот меч во Атина, на ОПАП Арената меѓу екипите на Олимпијакос и Фиорентина. Олимпијакос ќе ја има големата предност бидејќи ќе го игра финалето во својот град, но резултатите од последните мечеви не им даваат позитивни сигнали.

    Атињаните забележа само една победа на последните три натпревари пред финалето на Конференциската Лига на УЕФА. Тие ќе треба значително да се

    подобрат за да извојуваат победа во финалето против италијанската екипа која и досега покажа дека е сериозен претендент за трофејот. Во меѓувреме, и италијанскиот тим доаѓа на овој натпревар со само две победи во последните пет натпревари во сите натпреварувања.

    Олимпијакос има комплетно подготвен состав за овој меч, освен повредениот Дорон Лајднер, кој има долготрајна повреда на коленото. Грчкиот тим најверојатно ќе стартува во формација 4-3-3, со Константинос Цолакис на голот.

    Во задната четворка Родинеи и Франциско Ортега ќе стартуваат како крилни бекови, додека како централни дефанзивци ќе стартуваат Панајотис Рецос и Давид Кармо.

    Што се однесува до средниот ред, Висенте Ибора ќе стартува покрај Сантијаго Хеце и Чикињо. Константинос Фортунис и Даниел Поденс ќе додадат темпо во широките области во нападот, за Ајуб Ел-Каби да ја предводи централната напаѓачка позиција.

    И Фиорентина нема некои поголеми проблеми со повреди за овој натпревар. Рикардо Сотил е надвор од терените подолго време поради фрактура на клучната коска. Во меѓувреме, Пјетро Терасиано ќе стартува на голот на Ла Виола, а задната линија треба да ја сочинуваат Мајкл Кајоде, Фабијано Паризи, Лукас Мартинез Кварта и Никола Миленковиќ.

    Што се однесува до средниот ред, Роландо Мандрагора ќе стартува покрај Артур како двојни пивоти. Николас Гонзалес и Гаетано Кастровили ќе дејствуваат од страна, додека Антонин Барак ќе обезбеди креативност од централната област. Нзола ќе го предводи нападот на Фиорентина.

    Интересно е да се напоменат и неколку факти. Имено, Фиорентина е непоразена на секој од последните 13 натпревари во Европа (7 победи и 6 ремија). Ел-Каби е водечки стрелец на големите европски натпреварувања оваа сезона со 13 гола. Олимпијакос загуби шест од последните седум натпревари во европските натпреварувања против италијанскиот противник, а  Фиорентина има само една победа во петте претходни средби против грчки ривал.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.