Фудбалскиот репрезентативец на Иран, Сердар Азмун, веројатно ќе го напушти Баер и ќе се пресели во првенството на Франција.
За неговите услуги е заинтересиран Олимпик Марсеј кој понуди 10 милиони евра плус бонуси. Германските медиуми тврдат дека луѓето од Леверкузен ќе ја прифатат понудата бидејќи Азмун не влегува во долгорочните планови на стручниот штаб.
28-годишниот напаѓач во тековнава сезона одигра 10 натпревари во Бундеслигата но, не успеа да постигне гол.