Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Олимпик Лион му даде отказ на Фабио Гросо
    Фудбал

    Олимпик Лион му даде отказ на Фабио Гросо

    risteBy riste30/11/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Италијанскиот стручњак Фабио Гросо ќе ја напушти тренесраката функција во екипата на Лион. Според информациите кои се објавени, управата на францускиот клуб донела ваква одлука поради незадоволителните резултати на тимот. 

    Отказот на 46-годишниот тренер ќе биде официјално објавен во следните неколку часа. В.д. тренер ќе биде назначен Пјер Сејџ, кој моментално работи во академијата на Олимпик Лион.

    Да потсетиме, Фабио Гросо го презеде францускиот клуб на 16 септември оваа година. Претходно, тој помина две години од својата играчка кариера во Лион – од 2007 до 2009 година.

    Откако ја заврши кариерата во 2012 година, Гросо беше тренер на младинскиот тим на Јувентус, како и на Бари, Верона, Бреша, Сион и Фросиноне, со кои ја освои титулата во Серија Б на крајот од минатата сезона.

    Во моментов, Лион е на дното на табелата во Лига 1 со седум бода. Тимот има само една победа во 12 првенствени натпревари.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.