Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Олимпик Марсеј го објави потписот со Пјер-Емерик Обамејанг
    Фудбал

    Олимпик Марсеј го објави потписот со Пјер-Емерик Обамејанг

    risteBy riste21/07/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Францускиот тим Марсеј потпиша договор со напаѓачот на репрезентацијата на Габон Пјер-Емерик Обамејанг, кој доби статус на слободен играч. Договорот е со важност до 2025 година со можност за продолжување на уште една година, соопшти прес-службата на клубот од Марсеј.

    Пјер-Емерик Обамејанг ја започна својата професионална кариера во француската лига, каде играше за Дижон, Лил, Монако, а потоа и за Сент Етјен, за кого постигна 41 гол на 97 натпревари. Поточно, тој го освои Лига купот со оваа екипа во 2013 година, а во исто време ја доби и наградата Марк-Вивиен Фо како најдобар африкански играч во францускиот шампионат.

    Во 2013 година, напаѓачот потпиша договор со Борусија Дортмунд. За четири и пол сезони поминати во германскиот клуб, Обамејанг постигна 141 гол и даде 36 асистенции. Доби признание за најдобар играч во Бундеслигата во сезоната 2015/2016, најдобар стрелец на првенството во 2016/2017 година и до ден денес останува најдобар странски стрелец во историјата на Борусија Дортмунд. Пјер-Емерик Обамејанг додаде два Суперкупа и Купот на Германија на листата на награди.

    Во зимата 2018 година се пресели во Арсенал. За четири години, напаѓачот постигна 92 гола за Топџиите, го освои ФА Купот и ја освои титулата најдобар стрелец во Премиер лигата во сезоната 2018/2019. Обамејанг успеа да го освои шпанското првенство со Барселона во 2022 година, а летото истата година се пресели во Челзи.

    Пјер-Емерик Обамејанг е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Габон со 30 постигнати голови. Тој беше прогласен за африкански играч на годината во 2015 година и постојано е член на африканскиот Ол-стар тим речиси една деценија (2011-2020).

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Феликс: Во Атлетико не успеав да се адаптирам на барањата на тренерот

    21/09/2023

    Меси се повреди, неизвесен настапот во финалето на Американскиот куп

    21/09/2023

    Тен Хаг: Сега се е против нас

    21/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Танески е нов селектор на кадетската ракометна репрезентација
    • Феликс: Во Атлетико не успеав да се адаптирам на барањата на тренерот
    • Меси се повреди, неизвесен настапот во финалето на Американскиот куп
    • Тен Хаг: Сега се е против нас
    • Инзаги: Играчите беа многу уморни
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.