Напаѓачот на Рома Патрик Шик, може да ја продолжи својата кариера во Франција.
Според информациите кои ги објави новинарот Џанлука Ди Марцио кого во Италија го сметаат за еден од нај упатените за трансферите на најголемиот дел од играчите во оваа земја, Олимпик Марсеј сака да го земе на позајмица 23-годишниот играч од Чешка.
Првичниот предлог беше отфрлен од водечите луѓе на римската „волчица“. Минатата сезона, Патрик Шик играше на 32 натпревари во сите натпреварувања, постигна 5 гола и имаше 3 асистенции.
Дали во новата сезона ќе се пресели на „Велодром“ или ќе остане на „Олимпико“ ќе треба да одлучи раководството на Рома.