Аргентинскиот тренер Маурисио Почетино, може да го предводи Олимпик Марсеј, јавуваат медиумите во Франција.
Според истите извори, Олимпик Марсеј започнал преговори со Аргентинецот за да ја дознае неговата подготвеност да го води клубот. Се најавува дека по заминувањето на спортскиот директор на Олимпик Марсеј Андони Зубизарета, клубот може да го напушти и тренерот Андре ВилаШ-Боаш.
Претходно беше објавено дека Покетино е главен кандидат за функцијата тренер на Њукасл. Последниот клуб на Покетино беше Тотенхем, кој го напушти во 2019 година. Поради пандемијата на коронавирусот, сезоната во Лига 1 на Франција беше завршена предвремено. Во првенството на Франција беа одиграни 28 кола. ПСЖ беше прогласен за шампион, додека Олимпик Марсеј го зазема второто место и ќе игра во Лигата на шампионите.