Португалецот, Мигел Оливеира, победи на денешната трка возена под тешки услови за Големата награда на Тајланд. Тоа за него е прва победа во Мото ГП серијата.
На второто место заврши Џек Милер (САД) пред Франческо Бањаја (Италија). До крајот на сезоната има уште три патеки и тоа во Австралија, Малезија и Валенсија.
Италијанецот Бањаја сега се проби на првото место на табелата пред Квартараро и Еспагаро.