Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру ќе биде вклучен од страна на селекторот на Франција, Дидие Дешам во списокот на фудбалери за настап на СП во Катар. Ова ќе биде официјално објавено во среда, 9-ти ноември, пренесува „RMC Sport“.
Фудбалерот пропушти многу натпревари за националниот тим во изминатиот период. Сепак, Жиру беше повикан во националниот тим во септември и дури постигна гол и асистенција на средбата со Австрија (2:0) во Лигата на нации на УЕФА. Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.
За Жиру, кој во француската репрезентација одигра 114 натпревари, ова е трет ваков турнир. Статистиката на Жиру на Светските првенства во Бразил и Русија: 12 натпревари, гол и две асистенции.