Францускиот напаѓач во екипата на Милан, Оливие Жиру беше позитивен на КОВИД-19, се вели во соопштението на клубот.
Здравствените власти се уредно информирани, а играчот е ставен во карантин дома. Се чувствува добро, но ќе продолжи да биде изолиран. Конкретно се споменува дека Жиру не бил во контакт со остатокот од тимот откако заврши првенствениот дуел со Каљари во второто коло од Серија А.
Жиру беше привлечен во Милан ова лето од Челзи за минимална трансферна сума од 1 милион евра.