Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру, ја прифатил понудата на Милан за двегодишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.
Агентите на 34-годишниот фудбалер сега работат на ослободување од договорот со Челзи, бидејќи „росонерите“ немаат намера да плаќаат трансфер за него.
Се верува дека лондончани му ветиле на францускиот репрезентативец дека ќе го ослободат доколку се пресели во странски клуб, иако неодамна објавија дека го продолжиле неговиот договор за уште една година.

