Барселона успеа, конечно, да го регистрира Дани Олмо во Примера, по што шпанскиот репрезентативец и официјално ќе ја има можноста да дебитира за новиот тим.
Каталонците го искористија правото да вклучат фудбалер во составот кој ќе го замени повредениот дефанзивец Андреас Кристенсен. Тоа и официјално беше направено денеска, кога Ла Лига на официјалната страна ја потврди регистрацијата на Олмо.
Тоа значи дека 26-годишниот играч за врска би можел да дебитира за Барса уште денеска на гостувањето против Рајо Ваљекано во мечот од 3. коло на Ла Лига.

