Крилниот напаѓач во селекцијата на Данска, Сков Олсен, се надева дека селекторот ќе ја промени тактиката и дека во новата шема ќе може да добие шанса на теренот. Тој не крие дека има голема желба да игра на Европското фудбалско првенство во Германија.
„Секогаш сакам да играм, затоа сум тука. Гледам дека е тешко на нас, крилата, со тактичкиот систем што го користевме досега“, изјави Сков Олсен за новинарите.
„Подготвени сме да помогне во секој момент доколку тренерот го промени системот на игра“ – изјави фудбалерот на Данска.