Италијанскиот фудбалски состав Лацио најави дека е заинтересиран за услугите на нашиот репрезентативец, Елиф Елмас, објави денеска весникот – „Кориере дело Спорт“.
Неговиот тим Фенербахче се соочува со големи финасиски проблеми и полека започнува да ги продава фудбалерите бидејќи не може да го издржи финансиски товар. Од таа причина се верува дека турскиот состав нема да ја добие понудата на „лацијалите“ во висина од 15 милиони евра.
Тоа е можност за Фенербахче да заработи повеќекратно ако се знае дека за услугите на Елмас му платија на Работнички скормни 180 илјади. Во исто време се појавија шпекулации дека за нашиот играч се заинтересирани уште неколку состави од Европа.