Челниците на фудбалскиот состав Лацио се заинтересирани за левиот бек на Аугсбург, Филип Макс, пренесува попладнево –„Газета Дело Спорт“ .
Се очекува Италијанците во догледно време да исконтактираат со колегите од Германија и да испратат конкретна понуда за младиот фудбалер. 26-годишниот играч има активен договор со Аугбург до 30 јуни во 2022 година.
Макс во тековнава сезона на 26 мечеви во Бундес-лигата има постигнато 7 голови и направено 6 асистенции.