Поранешната светска тенисерка број 1, Наоми Осака, ја освои својата прва титула по четири години.
Јапонката стана шампионка на турнирот во Сен Мело (Франција) по убедливата победа во финалето против Каја Јуван од Словенија со 2-0 по сетови 6:1, 7:5.
Тоа е прв трофеј на земјена подлога за Наоми Осака во нејзината кариера и прва титула откако го освои Австралија Опен во 2021 година.

