Нигерискиот фудбалски интернационалец, Виктор Осимен, кој успеа да ја освои нагрдата за најдобар стрелец во Италија и воедно да се израдува на титулата во Серија „А“, сака да се врати во Германија.
Напаѓачот на Наполи наводно, преговара интензивно со Баерн Минхен за да направи трансфер во текот на летово. Тој има настапувано за Волфсбург и францускиот Лил.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, изјави, дека ќе го продаде Виктор Осимен доколку добие понуда од 180 милиони евра.