Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Осимен не ја исклучува можноста за напуштање на Наполи
    Фудбал

    Осимен не ја исклучува можноста за напуштање на Наполи

    risteBy riste21/02/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен не ја отфрли можноста дека би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок, но додаде дека моментално е целосно фокусиран на настапите за својот сегашен тим, со кој се надева дека ќе освои барем една титула оваа сезона.

    Нигериецот има 18 гола од почетокот на сезоната, а Наполи речиси сигурно дека ќе биде шампион во Италија. Оваа екипа има 15 бода предност пред второпласираниот Интер со преостанати 15 кола. Во големите пет европски лиги, само Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, со своите 26, има повеќе голови од Осимен. Вечерва, Наполи гостува кај германскиот Ајнтрахт Франкфурт во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, а Нигериецот постигнува гол на секој од неговите последни седум натпревари.

    Неговите добри игри предизвикаа сериозен интерес од клубовите во Англија, а Манчестер Јунајтед и Челзи внимателно ја следат ситуацијата на 24-годишниот тест, според извештаите на медиумите.

    „Кога го правиш ова добро, големите клубови ширум светот те забележуваат. Да има интерес од водечки тимови покажува дека добро си ја работам работата и тоа ме мотивира да дадам уште повеќе за мојот тим и за себе“, рече Осимен на ESPN.

    „Сепак, во моментов сум фокусиран на мојата игра за Наполи и клубот ќе го каже последниот збор за мојот трансфер. Сакам да му помогнам на тимот да освојува натпревари и титули. На крајот од сезоната ќе видиме што ќе се случи, но ништо не зависи од мене. Одлуката е целосно на Наполи“, додаде поранешниот играч на Лил, Шарлерои и Волфсбург.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.