Роберто Календа кој му е агент задолжен за трансфери на Виктор Осимен, потенцира дека фудбалерот имал многу понуди но, одлучил да остане во редовите на Наполи.
Црномурестиот напаѓач кој беше еден од најзаслужните за освоеното Скудето во изминатата сезoна, веројатно ќе потпише нов договор до јуни во 2026 година.
„На Виктор му оди многу добро во Неапол и сака да го однесе тимот што е можно повисоко. Само што затворивме историски договор во италијанскиот фудбал“ – изјави Календа.

