Фудбалската федерација на Костарика го објави повлекувањето на Оскар Рамирез од функцијата селектор на националниот тим. Договорно, двете страни се одлучиле да ја прекинат соработката веднаш по СП.
Рамирез ја водеше Костарика од 2015 година, а на Мундијалот во Русија имаше само едно реми и два порази во групната фаза на натпреварите со Србија (0:1), Бразил (0:2) и Швајцарија (1:1).
Засега нема шпекулации за новото селекторско име, но од Федерацијата најавија дека до септември ќе биде познато кој ќе биде нов селектор на Костарика.