И покрај убедливиот пораз од 3:1 на гостувањето во Трондхајм, екипата на Шкендија не се предава. Во пресрет на утрешниот реванш меч од плеј-офот во Лигата на Европа, тетовци најавуваат дека со колективна игра чудо може да се случи.
„Мислам дека и покрај негативата, сите заедно сметаме дека имаме квалитет да се квалификуваме понатаму и да се пласираме во групите во ЛЕ. Во првиот меч одигравме доста отворено, примивме три гола, но дадовме еден. Покажавме дека играме офанзивен фудбал. Како и сите екипи така и Розенборг има свои слаби страни. Мислам дека треба да одиграме колективно, тука е клучот за успехот на Шкендија“, вели тренерот на шампионот, Ќатип Османи.
Реванш средбата е закажана за утревечер на Националната Арена во Скопје со почеток од 20.15 часот.