По поразот во Австрија од 3:0, Шкендија се подготвува за реванш средбата од 3. коло во елиминацискатафаза на Лигата на шампионите. Утре во Скопје ќе се одигра реванш средбата со Салцбург кој со голема предност доаѓа во нашата земја за да го потврди пласманот во плеј-офот.
За Шкендија останува да потврди дека онаа средба во Австрија не беше вистинското лице на тимот и дека против Салцбург може и многу подобро.
„Шкендија е подготвена да покаже дека резултатот од првиот меч не е реален. Ни останува да се подготвиме најдобро што можеме и максимално ангажирано да се претставиме во најдоброто светло. Ако го гледавте мечот, противникот победи на наши грешки, а ние нашите шанси не ги искористивме. Утре наше е да дадеме максимум, а после ќе видиме што понатаму“, порача на прес-конференцијата пред мечот, тренерот на тетовци, Ќатип Османи.
Реванш средбата се игра утре од 20:15 часот на „Филип Втори“ Арената во Скопје.