Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Осум лекари на легендарниот фудбалер Диего Марадона ќе бидат судени под обвинение за убиство
    Фудбал

    Осум лекари на легендарниот фудбалер Диего Марадона ќе бидат судени под обвинение за убиство

    risteBy riste23/06/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    На осум лекари на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона ќе им се суди во нивната матична земја под обвинение за убиство, според пресудата објавена на 22 јуни по истрагата за неговата смрт во ноември 2020 година поради срцев удар, објави Ројтерс.

    Во документ од 236 страници, судијата го доведе во прашање однесувањето, активно или неактивно, на секој од обвинетите што придонело за катастрофалниот исход. Во пресудата се истакнува дека осум лица, меѓу кои лекари, медицински сестри и психолог кој се грижел за Марадона, се обвинети за „обично убиство“, сериозно обвинение што значи намерно лишување од живот.

    Комисијата назначена да ја истражи смртта на Марадона заклучи дека лекарскиот тим на фудбалската ѕвезда постапил на „несоодветен и непромислен начин“. За возврат, обвинетите ја негираат својата одговорност за смртта на Марадона. Судијата рече дека дел од адвокатите бараат да се прекине случајот.

    За злосторство од ваков карактер во Аргентина вообичаено е предвидена затворска казна од 8 до 25 години, според кривичниот законик на земјата. Се уште не е одреден датумот на судење.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Решено е: Ибрахимовиќ останува во Милан уште една сезона

    06/07/2022

    Бергвајн на медицински прегледи па трансфер во Ајакс

    06/07/2022

    Нуњез е најдобар играч во португалската лига за минатата сезона

    06/07/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин е во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон
    • Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир
    • Решено е: Ибрахимовиќ останува во Милан уште една сезона
    • Бергвајн на медицински прегледи па трансфер во Ајакс
    • Нуњез е најдобар играч во португалската лига за минатата сезона
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.