Спортскиот директор на фудбалскиот состав Волфсбург, Јирг Шмитке, изјави дека левиот бек, Паоло Отавио, заработил потешка повреда и дека ќе мора да паузира подолг период.
„Тој нема да игра доколку Бундес-лигата заврши како што е предвидено до 27 јуни. Ако има мечеви по тој термин, можно е да го имаме во тимот“ – потенцираше Шмитке.
26-годишниот фудбалер на „волците“ кој се повреди на еден од тренинзите, мораше да го пропушти вчерашниот меч со Борусија Дортмунд.