Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер најавил дека сака да го напушти клубот откако му беше одземена капитенската лента .
Според информациите, 30-годишниот Англичанец бил лут, шокиран и вознемирен кога главниот тренер на „ѓаволите“, Ерик тен Хаг, го известил за својата одлука. Мегваер сега има јасна слика дека неговиот престој на „Олд Трафорд“ е при крај.
Дефанзивецот е подготвен да ги разгледа понудите од Вест Хем, Тотенхем и Челзи, кои покажаа интерес за него.