Иако се очекуваше дека ФФМ на 1 септември ќе добие нов претседател, Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател поради повлекување на поднесената и утврдена кандидатура за претседател на ФФМ се откажува.
Во соопштението од ФФМ се вели дека Управниот одбор на ФФМ, администрацијата и другите тела и органи на ФФМ во наредниот период активно ќе работат со цел организација на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател почитувајќи ги одредбите од Статутот на ФФМ и водејќи сметка да се обезбеди максимална конкурентност и транспарентност во целиот процес.