Нашата фудбалска репрезентација У 21 го дозна распоредот за квалификациите за Европското првенство во 2022 година. Ние сме во групата со Франција, Србија, Украина, Фарски острови и Ерменија.
Новиот циклус ќе го започнеме на 2 септември на теренот на „триколорите“ а ќе го завршиме кај Украинците на 7 јуни догодина.
Еве го комплетниот распоред за македонските фудбалери кој го одреди УЕФА.
02.09.2021 Франција – Македонија
07.09.2021 Македонија – Србија
07.10.2021 Фарски острови – Македонија
12.10.2021 Ерменија – Македонија
11.11.2021 Македонија – Украина
16.11.2021 Македонија – Франција
24.03.2022 Србија – Македонија
29.03.2022 Македонија – Фарски острови
01.06.2022 Македонија – Ерменија
07.06.2022 Украина – Македонија

