Најдобриот играч на Реал Мадрид по заминувањето на Кристијано Роналдо – Карим Бензема, веројатно очекува многу потешка сезона од претходните.
„AС“ потсетува дека досега напаѓачот имал корист на клупско ниво бидејќи не бил дел од националниот тим. За време на квалификациските и контролните паузи, Бензема се одмараше и тоа му овозможи да остане во форма. Во последните три сезони со тимот на Реал Мадрид, тој има одиграно 4305 минути во 53 натпревари.
Меѓутоа, бидејќи искусниот играч повторно е дел од селекцијата на Франција, ова ќе доведе до сосема поинаково оптиварување, а не е за потценување дека има 33 години. Само за време на оваа пауза Бензема учествуваше во сите три квалификациски натпревари на Франција, одигра вкупно 182 минути. Сето ова сигурно ќе му направи оптоварување во Реал Мадрид.
Овој викенд најверојатно ќе се види како тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти има намера да се справи со оваа промена кај напаѓачот. Во недела тимот игра со Селта Виго, а три дена подоцна ќе гостува кај Интер во Лигата на шампионите. Затоа, нема да биде изненадување доколку Бензема не биде стартер на еден од овие натпревари.