Легендарниот фудбалски напаѓа на Англија и на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен, вели дека сегашниов тим го нема потребниот капацитет за да оствари значајни резултати како во Премиер лигата така и во меѓунароните конкуренции.
„Работите стануваат полоши од ден на ден. Во тимот има само тројца-четворица играчи што навистина вредат. Јунајтед не успеа да ги купи вистинските засилувања што ги посакуваше“ – вели Овен.
„Сите можеме да шпекулираме за тоа што е погрешно. Солскјер треба добро да го погледне тимот и да види дека работите се влошуваат. Играчите ја губат нивната вредност, стануваат се полоши“ – заврши Овен.