Некогашниот напаѓач на Англија, Мајкл Овен, пред денешното финале во фудбалската лига на Европа меѓу англиските состави Челзи и Арсенал, вели дека четата на Маурицио Сари има поголеми шанси да го освои победничкиот пехар. Според него, разликата на теренот во Баку може да ја направи првата ѕвезда на Челзи, Еден Азар, кој игра во фантастична форма.
„Чувствувам дека брилијатниот Белгиец ќе биде разликата меѓу двата клуба во Баку“ -порача Овен.
Мечот во Азебејџан е последната шанса за давата тима да ја финишираат сезоната со трофеј а Арсенал има и дополнителен мотив бидејќи евентуалниот триумф ќе го однесе во Лигата на шампионите во наредната сезона.