Легендарниот напаѓач на фудбалскиот состав Ливерпул, Мајкл Овен, се обиде да прогнозира кои тимови во наредната сезона ќе ги предизвикаат „црвените“ во битката за титулата во Премиер-лигата.
„Ливерпул е навистина многу силен, таков и ќе остане, Манчестер Сити е феноменален тим додека Манчестер Јунајтед е третиот кој се издвојува како кандидат за титулата во наредната сезона“ – вели Овен.
„Сите брзо напредуваат и ожат да се вмешаат во битката. Ќе го додадам и Челзи. Има голем потенцијал и млади фудбалери. Лампард работи одлично“ – порача Овен.