Спортскиот директор на фудбалскио состав Ајакс, Марк Овермарс, се осврна на неуспешниот трансфер на Николас Таљиафико во редовите на Каталонците.
„Барселона сакаше да го има играчот на позајмица а ние моравме да пронајдеме негова замена. Тој е фантастичен играч, но, едноставно работите од самиот почеток не функционираа“ – потенцира Овермарс.
Ќе потсетиме дека шпанскиот состав во текот на зимава ги обезбеди потписите на Адама Траоре и Пјер Емерик Обамејанг.