Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс е свесен за реалностите на фудбалот и сфаќа дека ќе биде вистински подвиг за неговиот тим да го елиминира Реал Мадрид од Лигата на шампионите. Холанѓаните одиграа одлично на првиот натпревар, но загубија 1:2.
„Мојата работа е да се изгради тим од врвна класа, но ние не можеме да ги задржиме играчите како што тоа го прават во Мадрид или Барселона. На пример, Силесен четири години се наоѓаат на клупата на Барса. Пред две години игравме финалето на Лигата на Европа и го обновивме тимот, бидејќи загубивме некои играчи”, изјави популарниот Холанѓанец во интервју за шпанскиот „АС“.
„Сакавме да го земеме Јодегор. Му понудивме плата од 100.000 евра. Реал Мадрид му дал два милиони и тој отиде кај нив. Во фудбалот има многу пари. Треаба да се воведат правила како во американски спортов, за да бидеме рамноправни”, рече Овермарс.
„Имаме два или три играчи кои заработуваат малку повеќе. Платите на Бејл покриваат половина од нашиот буџет за плата. И тој е резерва. Нашите шанси за елиминирање на Реал Мадрид се мали. Не е сè во парите, но… За нас е важно дека од Лигата Европа се искачивме едно скалило погоре и сме во Лигата на Шампионите, отидовме на ниво повисоко. Понекогаш луѓето го забораваат тоа, но нашата земја е мала”, изјави поранешниот играч на Ајакс, Барселона и Арсенал.