Претседателот на Турскиот фудбалски сојуз, Нихат Оздемир, објави дека планира да дозволи публиката да се врати на стадионите во јули доколку има услови за тоа. Последниот натпревар од Супер-лигата се одигра на 17 март, по што сезоната беше прекината поради пандемијата на корона-вирусот. Кампањата ќе започне одново на 12 јуни зад затворени врати.
„Нашата прва цел е да ја завршиме сезоната, бидејќи во спротивно може да има проблеми. Предвидуваме чести тестови на играчите за време на подготовките. Доколку има позитивни тестови, играчите ќе бидат во карантин а шампионатот ќе продолжи“ – вели Оздемир.
„Ако работите одат добро, можно е да им дозволиме на навивачите да се вратат на стадионите во јули“ – искоментира првиот човек на турскиот фудбал.До крајот на сезоната остануваат уште осум кола во елитата.