Претседателот на Турската фудбалска федерација, Нихат Оздемир, потврди дека финалето во Лигата на шампионите во тековнава сезона ќе биде одиграно во август на стадионот во Истанбул.
„Нашите планови се домашните обврски да ги завршиме кон крајот на јули со што ќе имаме доволно простор да се подготвиме за финалето во Лигата на шампионите кое ќе се одржи во август“ – рече Оздемир.
Европската фудбалска унија (УЕФА) претходно најави дека ќе прави напори да се одиграат елиминациските мечеви и дека финишот на сезоната под посебни услови ќе биде на теренот во Турција.