Фудбалерот на Фенербахче, Месут Озил, кој настапуваше за гигантите Реал Мадрид и Арсенал а со Германија го има освоено Светското првенство, на профилот на Твитер истакна, дека не гледа логика да се основа Супер-лигата во фудбалот.
„Децата растат сонувајќи за освојување на Светското првенство и Лигата на шампионите а не за некоја Супер-лига. Уживањето во големите натпревари е тоа што тие се случуваат еднаш или двапати годишно, не секоја недела“ – напиша Озил.
Основачи на новата Супер-лигат се: Интер, Милан, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Челзи и Тотенхем.

