Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил, нагласи дека расизмот е голем проблем во Германија и дека од таа причина ги напушти „панцирите“.
31-годишниот играч по Мундијалот во 2018 година ја заврши репрезентативната кариера тврдејќи, дека бил жртва на расистички навреди откако се појави негова заедничка фотографија со турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган.
„Играв девет години за Германија, ja освоив светската титула, играв многу натпревари и дадов се од себе. По фотографијата, се чувствував незаштитен. Добив расистички навреди, дури и од политичари и јавни личности а никој од Бундест-имот не дојде да ми даде поддршка“ – изјави Озил.