Месут Озил си најде нов клуб. 33-годишниот играч од средниот ред кариерата ќе ја продолжи во Истанбул Бахчешехир..
Фенербахче неделава го раскина договорот со поранешниот германски репрезентативец. Озил беше исфрлен од тимот поради конфликт со вршителот на должноста тренер на тимот Исмаил Картал. Последниот натпревар за турскиот клуб го одигра на 20 март.
Новиот тренер на Фенербахче, Жорге Жесус, исто така не сакал да го врати фудбалерот во составот и не го вклучи во составот кој се подготвува за новата сезона.