Месут Озил може да го пропушти воведниот меч на Германија на СП во Русија поради мала повреда која ја заработи на последниот контролен натпревар со Австрија.
Играчот од средниот ред на Арсенал се пожалил на болки во коленото и како резултат на тоа деновиве тренира сам под посебен режим. Покрај тоа, Озил има и проблеми со грбот, поради што во мај не одигра 4 меча за „топчиите“.
Тој сигурно нема да се појави во германската репрезентација за мечот со Саудиска Арабија утре, а неисвесен е и неговиот настап против Мексико во 1. коло од групната фаза на СП закажан за 17 јуни.