Поранешниот германски репрезентативец, Месут Озил, кој има неделна плата од 350 000 илјади фунти и јавно одби да му биде намалена поради пандемијата со корна-вирусот, вели дека сака да остане во редовите на „топчиите“.
Играчот за врска во интервјуто за „The Athletic“, вели дека одредени луѓе две години му работат зад грб и сакаат да го избркаат од клубот.
Во меѓу време тренерот, Артета, кој практично го избриша Озил од списокот, вели дека таа одлука се должи строго на фудбалски причини и дека нема никаква друга позадина.